С. Македонија е 133-та воена сила во светот

од Nikola Popovski
287 прегледи

С. Македонија е на 133-то место во светот според индексот на воена моќ што го поседува 5.0801, а во споредба со останатите балкански земји се наоѓа на последното место, според списокот за 2021 година, објавен од организацијата „Global Firepower“.

Србија е најсилната воена моќ меѓу земјите од поранешна Југославија, а на глобално ниво е на 61-та позиција со индекс 1,0063. По Србија, Хрватска се пласираше на 63-то место, следена од Словенија на 88-то и Албанија на 113-та позиција. Босна и Херцеговина е на 121-то место, а Црна Гора на 123-то место.

Колку е повисок индексот, толку полошо е рангирана земјата.

Најсилна светска воена моќ, според таа листа, се Соединетите Американски Држави со индекс 0,0718, а Русија е на второ место. Кина е на третото место, Индија на четвртото, а Јапонија е на петтата позиција.

Најсилна европска воена моќ е Франција (7-та позиција), следена од Велика Британија (8-ма), Турција која е на 11-то место на оваа листа, Италија на 12-то и Германија на 15-то место.

Списокот е создаден врз основа на повеќе од 50 фактори за одредување на индексот на воена моќ. Три фактори вклучуваат специфични воени сили, како што се бројот на војници, авиони, тенкови, потоа финансиската моќ на државата и алокациите за одбранбени цели, потоа логистичките капацитети, географската позиција …

Слични содржини