С. Македонија напредуваше за 27 места на листата на најмоќни воени сили во светот

од Nikola Popovski

Веб-страницата „Global Firepower“ објави ранг листа на нации според степенот на моментално достапна воена моќ.

Конечната ранг листа на „Global Firepower“ користи преку 60 индивидуални фактори за да се одреди индексот на огнена моќ на одредена нација, со категории кои се движат од број на војници и финансиска состојба до логистички способности и географија.

Трендовите не мора да укажуваат на опаѓање на моќноста, бидејќи промените во GFP формулата исто така може да го објаснат резултатот.

Вкупно 145 светски сили се разгледуваат за GFP преглед во 2023 година.

На прво место се Соединетите Американски Држави, а веднаш после нив следува Русија.

Според споменатиот индекс, Кина е на трето место, Индија е четврта, додека Велика Британија е на петто место, покажуваат податоците на веб-страницата „Global Firepower“.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека Србија е на 108-то место по огнена моќ, што значи дека сме на средина во однос на државите од поранешна Југославија и регионот.

Од соседството, Грција е на 30. место, додека Србија на 58. место, Бугарија веднаш по неа на 59. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, додека Црна Гора на 128., а Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата.

Да потсетиме, во споредба со ланскиот извештај на „Global Firepower“, ова е напредок за македонската армија и тоа за 27 места на листата за воена способност и моќ на армиите во светот.

Слични содржини