Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден (10.02.) продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На територијатата на населба Ченто изречени се вкупно 103 мерки, од кои 28 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење на мобилен телефон. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од полицијата, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“,