Кога поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше хоспитализиран со коронавирус во октомври, тој бил потешко болен отколку што беше соопштено, нивото на кислород во крвта му опаднало, а властите стравувале дека е на работ да биде ставен на апарати за дишење, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.
Според четири извори запознати со неговата состојба, Трамп во еден момент имал ниско ниво на кислород во крвта (вредноста била пониска од 90) и проблеми со белите дробови поврзани со пневмонија предизвикана од коронвирусот.
Неговата прогноза стана толку загрижувачка пред да биде однесен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид, што официјалните лица верувале дека ќе треба да биде приклучен на апарати за дишење, изјавија за „Њујорк Тајмс“ две лица запознаени со неговата состојба.
Breaking News: Donald Trump was more sick with Covid-19 in October than was acknowledged at the time. When he was hospitalized, his blood oxygen levels had plunged and officials feared he would need to be put on a ventilator. https://t.co/pSih7pkVTo
— The New York Times (@nytimes) February 11, 2021
Претходно беше соопштено дека Трамп има проблеми со дишењето и температура на 2 октомври, денот кога беше пренесен во болница, а видовите на лекување што ги доби укажаа на тоа дека неговата состојба е сериозна.
Првично, тој одби да биде пренесен во болница, а лекарите изјавија дека тој е во ризичната група на 74-годишна возраст и дека има прекумерна тежина.
Сепак, како што ситуацијата се влошувала, тој морал да попушти. Подоцна, тој ја напушти болницата по три дена, а во еден момент организираше кратко возење со неговиот блиндиран џип за да ги поздрави групата приврзаници пред болничката зграда.
Доктор Шон Конли тогаш негираше дека Трамп е сериозно болен, повторувајќи ги самите коментари на Трамп откако се опорави, пишува Њујорк Тајмс.