Грција ги прошири „заклучувањето“ во уште два региона

од Stefanija Kuzmanovska
603 прегледи

Грција денес го прошири целосното „заклучување“, воведено во пошироката област на Атина на почетокот на оваа недела, во неколку региони во земјата во обид да се запре ширењето на коронавирусот, објави грчкото Министерство за цивилна заштита.

За регионот Ахаја на северозапад од полуостровот Пелопонез, како и за Евбеја, вториот по големина грчки остров по Крит, одлуката ќе стапи на сила утре и заклучувањето ќе трае најмалку до 22 февруари, објавија властите.

Тоа значи дека училиштата, фризерските салони и продавниците за малопродажба ќе бидат затворени, пренесува Ројтерс.

„Епидемиолошката слика низ целата земја покажува постојано влошување“, изјави Вана Папаевангелу, член на комитетот на експерти за инфективни болести, кои ја советуваат владата, на брифинг за новинарите.

Наведе дека зафатеноста на единиците за интензивна нега на ковид одделенијата во болниците во Атина се зголемила на 83 проценти.

Слични содржини