СДСМ: Опозициската ВМРО ДПМНЕ цела недела молчи за скандалот и осудата на Милошоски

341 прегледи

Во рамки на своето денешното соопштение, владејачката СДСМ, посочи дека се уште ВМРО ДПМНЕ молчи за скандалот со Милошоски и неговото досие во Германија.

„Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски речиси една недела молчи за скандалот со неговиот близок соработник дезинформаторот Антонијо Милошоски, кој според јавно достапни документи бил осудуван и казнет во Германија за кражба, злоупотреба и измама.

Мицкоски повторно нема став, не се произнесе, како и за многу други прашања каде е јавно повикан.

Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини.

Особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот.

Милошоски е срам за македонската држава, за Собранието и за парламентарната демократија

Затоа Милошоски треба да преземе одговорност за своите постапки, да си даде оставка на функцијата пратеник и да им се извини на граѓаните“, стои во соопштението од СДСМ.

Слични содржини