Облачното и многу студено време со врнежи од снег ќе продолжи и во текот на ноќта ќе се интензивираат особено во југозападните и западните делови. Утре насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 см, а на запад меѓу 20 и 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 см снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Од Града Скопје информираа дека зимската служба врши превентивна интервенција на критичните точки и мостовите во градот, заради најавените врнежи од снег и ниските температури.
Според информацијата на УХМР најмногу снег има на Попова Шапка 44 сантиметри, 13 Маврови Анови, девет Претор, сседум Охрид, шест Битола, пет Пожаране, четири Штип, три Тетово, Берово, Ѓуриште, Тополчани, и два Прилеп, К.Паланка. Најмногу врнежи во текот на денов имало во Претор 9 литри на метар квадратен, шест Охрид, пет Пожаране, четири Тетово, два Берово, Струмица, Крива Паланка и Битола и еден Прилеп и Штип.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а максималната и утре насекаде ќе се задржи негативна и ќе биде во интервал од -8 до -2 степена.
Во Скопје облачно, времето претпладне и околу пладне ќе биде со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу -8, а максималната ќе достигне -4 степени.
Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.
Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила
Поради врнежи од снег и ниски температури воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјата, соопшти АМСМ.
Од 18:10 часот се воведува забрана за движење за ТТВ на ГП Деве Баир и на планинскиот премин Плетвар.
Претходно од 17.00 часот беше воведена забарана и на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.
Од 10:00 часот е воведена забрана за ТТВ и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. А од 07:00 часот, беше воведна забрана на патниот правец крак Маврово – Дебар.
За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат, соопшти АМСМ.