Сенатот реши: Трамп НЕ Е ВИНОВЕН за поттикнување бунт за време на немирите и упадот во Конгресот

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Американскиот Сенат го ослободи поранешниот претседател Доналд Трамп со мнозинство гласови од обвиненијата за наводно поттикнување бунт за време на немирите и упадот во зградата на Конгресот.

Така, не успеа уште една иницијатива на демократите за негово отповикување.

Имаше 57 сенатори кои се залагаа за отповикување на Трамп, додека 43 беа против.

Оваа одлука беше очекувана, имајќи предвид дека беше потребно двотретинско мнозинство од Сенатот, што значи дека иницијативата на демократите требаше да биде поддржана од најмалку 17 сенатори од редовите на републиканците.