Министерството за здравство денес соопшти дека се починати нови 13 лица како последица на Ковид-19.
Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г).
Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.
Вкупниот број на почината лица од Ковид-19 во државава е 2.989.