Имунолог ги наведе предностите на руската вакцина, но и недостатоците

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Лука Чичин Шаин, вирусен имунолог од Центарот за истражување на заразни болести во Брауншвајг во Германија, зборуваше за вакцините против коронавирус и рече дека руската вакцина „Спутник V“ има еден голем недостаток.

Зборувајќи за руската вакцина, Чичин Шаин рече дека експертите сè уште се вознемирени бидејќи резултатите од клиничките истражувања не се достапни.

„Тие тврдат дека има малку несакани ефекти, што е изненадувачки затоа што може да се очекува дека е како што беше со АстраЗенека“, рече Чичин Шаин.

„Има една предност, тие користат комбинација од два аденовируси, ова се формулации што се користат во вакцините на Џонсон и Џонсон и некои кинески вакцини. Кога ги комбинирате и двете, кога давате втора доза, го зајакнувате имунолошкиот одговор кој е насочен кон она што се преклопува кај овие двајца вакцини, т.е. ‘шилестиот’ протеин од коронавирусот, а потоа вакцината е многу посилна. Она што е најголем недостаток на руската вакцина е тоа што во двата аденовируса 25 и 26 се наоѓаат човечки аденовируси, кои знаат да предизвикаат сериозни проблеми кај луѓе кои се имунокомпромитирани. Кај нив, аденовирусната инфекција знае да биде смртоносна. Тоа е вакцина која доаѓа со уште поголем ризик, за здрава личност веројатно нема да претставува проблем“, рече Чичин Шаин.

Слични содржини