Во среда започнува вакцинацијата против ковид 19 на здравствените работници.
Први со вакцините на Фајзер кои пристигнаа од Србија ќе бидат имунизирани медицински сестри и лекари. Вакцинацијата ќе се врши во модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.
Досега вкупно 46.023 граѓани се пријавија преку онлајн апликацијата за вакцинација пртив Ковид 19, а преку матичните лекари се пријавени 13.511 лица.
Во моментов според податоците на министерството за здравство најголем број на активни носители на вирусот има во овие градови:
Скопје 42418, активни 2785
Кавадарци 2953, активни 419
Охрид 3040, активни 360
Прилеп 4842, активни 306
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.