Шокантните видеа што кружеа на социјалните мрежи денес во Франција, се уште еден пример што покажува дека во одредени предградија има вистинско беззаконие.
На видеото се гледа како група од триесетина млади напаѓаат полицајци кои дошле на интервенција, пукајќи ги со огномет и сè што ќе им се најде при рацете. На снимката јасно се гледа како еден од напаѓачите во неколку наврати викал кон полицијата: „Убиј ги!“.
Нападот се случил во саботата попладне кога полицијата дошла да ја растера групата што се собрала на улицата во градот Поаси во областа Ивелин и во парискиот регион. Видеото е објавено од полицискиот синдикат, со намера да се покаже во какви тешки услови работат службениците за спроведување на законот.
Градоначалникот на Поаси Карл Олив рече дека „не може да има оправдување за ваквите дела“, додека министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен исто така го осуди нападот, ветувајќи дека сторителите ќе бидат казнети. – Да се нападне полицијата значи да се нападне Република – рече министерот.
Нападите врз службениците за спроведување на законот, но и врз другите луѓе што ја претставуваат државата, станаа почести во некои предградија на големите француски градови каде има голема напнатост.
“Tuez-les, Tuez-les!”
Un guet-apens tendu à des #policiers.
Comme solution, la @Defenseurdroits promeut la création de zones sans contrôles d’identité, c’est à dire de “non droit”.
Mme @clairehedon, ces habitants ne sont pas des sous-citoyens.
Ils ont le droit à la sécurité! pic.twitter.com/4H22LVYjIB— Commissaires de Police SICP (@SICPCommissaire) February 13, 2021