Утре во модуларната болница на инфективната клиника ќе започне имунизацијата.Во првата група се здравствени работници кои се пријавиле, а на број се 4000, од кои 2000 се од главниот град.
Тие ќе се вакцинираат со пристигнатите 4680 вакцини од Фајзер кои како донација ги испрати соседна Србија.
Како што е најавено, до крајот на февруари се очекува пристигнување и на 200.000 дози од кинеските вакцини од „Синофарм“, а според предвидениот план, вакцинацијата ќе се одвива со 2.500 вакцинирани лица на дневно ниво.
-На граѓаните кои ќе дојдат во вакциналните пунктови ќе им биде дадено картонче издадено од Министерството за здравство, каде ќе бидат внесени основни податоци на граѓаните, име, презиме, матичен број, адреса кога ја примил првата вакцина, потпис и печат од лекар што ја препишал, и кога потвторно треба лицето да се јави за вакцинација, изјави директорот на Здравствен до Скопје Виктор Исјановски.