Санкции за 275 возачи во Скопје, 11 од нив возеле под дејство за алкохол

од Nikola Popovski
144 прегледи

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 67, 16 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за користење на мобилен телефон“, објавија денес од МВР.

Според извештајот, изречени се пет санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас и 56 мерки за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од полицијата.

Слични содржини