СДСМ: Правда и одговорност за сите ќе има, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа не можат да го спречат

од Nikola Popovski
142 прегледи

Во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминал и корупција имаат страв од правда и одговорност. ВМРО-ДПМНЕ е партија која штити осудени криминалци, а Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот. Токму тоа е причината што секојдневно шират лаги, конструкции и неосновани напади кон вицепремиерот Љупчо Николовски и останатите министри кои се борат против криминалот и корупцијата“, велат од владеачката СДСМ.

Според нив, залудни се таквите очајни обиди, со тоа нема да ги спасат од одговорност криминалците во белиот дворец, ниту ќе ја вратат државата назад во времето на режим, криминал и неказнивост.

„Правда и одговорност за сите ќе има, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа не можат да го спречат“, стои во партиското соопштение.