Антиоксидансите се прва линија на одбрана на нашиот организам: Листа од намирници богати со нив

од Stefanija Kuzmanovska
483 прегледи

Антиоксидансите се молекули кои се наоѓаат во нашето тело и се прва линија на одбрана, а нивната главна улога е да го штитат организмот од слободните радикали.

Слободните радикали се соединенија кои предизвикуваат оштетување на телото и на крајот доведуваат до развој на болести.

Кога количината на слободни радикали ја надминува количината на антиоксиданти во телото, може да се развие состојба наречена оксидативен стрес и може да ја оштети ДНК, како и другите важни молекули во телото. Кога ДНК е оштетена, постои голем ризик од развој на рак. Покрај тоа, се покажа дека оксидативниот стрес е главен виновник за предвремено стареење.

Исто така, ако во организмот немаме доволно антиоксиданти, може да се појават болести како што се дијабетес, срцеви заболувања и карцином.

Нашето тело има одредена количина на антиоксиданти, но тие исто така се наоѓаат во одредена храна. Овошјето и зеленчукот се одлични извори, а витамините Ц и Е се ефикасни антиоксиданти.

Еве неколку намирници богати со антиоксиданси:
Суви сливи
Црно грозје
Боровинки
Капини
Јагоди
Малини
Сливи
Портокали
Грејпфрут
Цреши
Кељ
Спанаќ
Брокула
Цвекло
Јаболка
Праски
Банани
Манго
Лук и кромид
Грашок
Пченка
Компир
Домат
Моркови

Слични содржини