Адеми: Каракачанов кога излага со нов договор наредниот ден го имате Мицкоски кој ги бара истите работи

од Берта Китинска
276 прегледи

„Очекувам дека со резолуцијата во Европскиот парламент која се однесува на нашата земја ќе се констатира дека не смее и не треба да има билатеризација на процесот преговарачката рамка со ЕУ. Тоа беше и позицијата на европратеникот и тоа е позицијата на многу земји членки“, изјави Едмонд Адеми од СДСМ во емисијата 24 Анализа.

Адеми вели дека прашањето за индентитетот е прашање за кое не се дискутира и нема ни да се дискутира и дека историската интерпретација не е работа на Европската Унија, политиката, туку на науката и историјата.

„Јас може да ви набројам стотици бугарски интелектуалци кои преку јавно писмо соопштија дека не се согласуваат со бугарската позиција. Чудна е една работа со опозицијата по однос на ова прашање како тоа кога Каракачанов излага со нов анекс или нов договор наредниот ден го имате Мицкоски кој ги бара истите работи кои ги побрала Каракачанов, тука се поставува прашањето за кого Мицкоски работи за Македонија и нејзините интереси или за интересите на Каракачанов“, изјави Адеми.

Слични содржини