Како дел од проектот „Да растеме заедно“ деновиве на дрвјата се поставуват плочки со имињата и датумот на раѓање на децата, а се заменуваат и оштетените плочки.
-Со овој проект, Град Скопје ви овозможува да засадите дрво кое заедно со вашето новороденче ќе израсне големо и силно. На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на детето, а дрвото ќе го поставиме на еден од дрворедите, парковите или плоштадите во Скопје, или на достапно место според Ваша желба. На овој начин, создаваме култура на трајни вредности и традиција и истовремено придонесуваме за раззеленување на нашето Скопје во кое сите заедно живееме, растеме и созреваме, соопштија од Градот.