Трогателна посвета за големиот Балашевиќ: Тажните Заги, Вучко и Победник плачат со бело зајаче (ФОТО)

од Берта Китинска
261 прегледи

На концертите на Балашевиќ постоеше традиција, за време на изведбата на песната „Neki novi klinci“, летаа плишани играчки кон него.

Огромна тага се рашири низ целиот регион по веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, а таа беше претворена во трогателна слика од познатиот карикатурист Мидхат Капетановиќ.

На сликата, тажниот и расплакан Заги, симболот на Загреб, Вучко, симболот на Сараево и Победник, симболот на Белград, прегрнува бело плишано зајаче. Покрај нив има две мандарини.

Познавачите на ликот и делото на Балашевиќ веднаш ќе препознаат за што станува збор.

Имено, на концертите на Балашевиќ постоеше традиција дека за време на изведбата на песната  „Neki novi klinci“ односно стихот – „Девет свеќи на тортата треперат низ маглата, тогаш добив пар мандарини и мал бел зајак “, од публиката беа фрални плишани играчки и мандарини.

Балашевиќ секогаш се враќаше од концертите со многу мали бели зајаци за кои велеше:

– Тој „мал бел зајак“ многу ми значеше во моментите кога сè изгледаше многу црно и кога бев со мојата публика на некои чудни места, тајно,. Тој „мал бел зајак“ е мојата замена за сите Оскари, Дејвис куповите, Светските првенства и сè што не сум освоил. Тие се хронологија на сè што ми се случи во кариерата – рече Балашевиќ по концертот во Осиек.

Danas svijet ima malo manje boje.

#đorđebalašević #nekinoviklinci #vučko #zagi #pobednik #legenda #toosoon #prerano #novisad #sarajevo #zagreb #beograd #ljubljana #podgorica #priština #skopje

Posted by Midhat Kapetanovic on Friday, February 19, 2021

Слични содржини