Ќерката на Балашевиќ го пријавила сопругот за семејно насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Јована Балашевиќ (42), наводно го пријавила својот невенчан сопруг Александар Јовановиќ за семејно насилство, пренесуваат српските медиуми.

Како што пишува „Телеграф“, до вербалниот конфликт меѓу Јована Балашевиќ и нејзиниот невенчан сопруг дошло кога Јована пристигнала во станот во кој живееле заедно за да ги собере своите работи и да се исели. Како што понатаму објавија медиумите, таа тврдела дека Александар тогаш ѝ упатил низа навреди, па ја заклучил во станот и наводно ѝ рекол да повика полиција. Актерката ја повикала мајка си, која повикала полиција, по што Александар ја пуштил да излезе од станот, пишува порталот.

Јована тогаш наводно во полиција изјавила дека нејзиниот невенчан сопруг ја нарекува луда и дека со години трпела психичко насилство од него.

Освен тоа, Јована, пишува „Информер“, се пожалила во полиција дека Александар ѝ рекол дека треба да се лечи, но и да пие лекови. По пријавувањето на наводното насилство, на Јовановиќ му е изречена итна забрана за приближување, а обвинителството против него поднесе кривична пријава во редовна постапка за семејно насилство.

После тоа Јована Балашевиќ за „Блиц“ потврди дека се точни информациите дека го пријавила сопругот.

„Не би кажала ништо на таа тема, поради децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е се што можам да кажам засега, разберете ме“, кратко изјавила Балашевиќ.

Слични содржини