Bark Air, новата „луксузна“ авиокомпанија за кучиња го направи својот прв лет

од Илинка Илиоска

Bark Air, луксузна авиокомпанија која има приоритет на удобноста на кучињата, го направи својот прв лет во четвртокот, 23 мај, поаѓајќи од њујоршкиот аеродром во округот Вестчестер (HPN) и слета во Ван Најс (VNY), според првичното соопштение за јавноста на авиокомпанијата.

Bark, компанија која претходно беше позната по обезбедување производи, услуги и содржини за кучиња, ја објави својата авиокомпанија фокусирана на кучиња во април.

Чартер компанија оценета со Argus Platinum е „одговорна за сите авиони, екипажот, одржувањето и прашањата поврзани со осигурувањето“, велат од компанијата

Bark Air, може да се пофали дека го има „првото искуство со воздушно патување во светот дизајнирано специјално пред се за кучињата, а потоа нивните човечки придружници“, ги почести сопствениците на кучиња со оброк пред летот подготвен од готвачи на лице место во Њујорк додека кучињата си играа со нивните крзнените сопатници.

Пред да се качат, на кучињата им беа понудени „смирувачки грицки, ушни навлаки за поништување бучава и смирувачки јакни за да се обезбеди пријатен лет без стрес“.

Откако влегле во авионот, на кучињата им бил „сервиран пијалок по избор за време на искачувањето и спуштањето за да се осигура дека нема да доживеат непријатност во уите што вообичаено е предизвикано од промени во притисокот во кабината“, се вели во соопштението.

Првиот распродаден лет ги чинеше клиентите кои патуваа со еден човечки придружник 6.000 долари. Следниот лет ќе полета во четврток на 30 мај, а има уште само неколку седишта.

Првиот меѓународен лет на Bark Air од Њујорк до Лондон ќе полета на 30 мај и исто така е распродаден. Чинеше 8.000 долари. Првиот лет за Париз – кој чини 8.500 долари – ќе полета во октомври и остануваат само неколку седишта.

Слични содржини