Американската нискобуџетната авиокомпанија Спирит ерлајнс ги прекинува своите операции, објави Си-ен-ен.
Компанијата е во втор банкрот, а имаше сериозни финансиски проблеми долго пред војната во Иран, која предизвика пораст на вените на авионското гориво.
Таа е осмиот најголем американски превозник, и се обиде да постигне договор со администрацијата на Трамп за пакет за спасување во последен момент. Но, клучна група доверители се спротивстави на предлогот.
Спирит ерлајнс е првата голема американска авиокомпанија, што банкротира поради финансиски проблеми во последните 25 години.
Компанијата ги откажа сите летови, ја затвори услугата за корисници и им порача на патниците да не одат на аеродромот. На патниците, кои веќе купиле билети да летаат со авионите н Спирит ерлајнс ќе им бидат вратени парите, а ќе треба и повторно да резервираат патување со други превозници.
-Горди сме на влијанието на нашиот ултра-евтин модел врз индустријата во последните 34 години и се надевавме дека ќе им служиме на нашите патници уште многу години. Со големо разочарување денес почнуваме со уредно намалување на нашите операции, кое стапуваат на сила веднаш.“, соопшти авиокомпанијата.
Седумнаесет илјади работници ќе останат без работа, вклучувајќи 14.000 вработени во авиокомпанијата и илјадници изведувачи и други луѓе чии работни места зависат од Спирит ерлајнс. Банкротот на авиокомпанијата веројатно ќе влијае и со повисоки цени на билетите низ целата американска авиоиндустрија.
Авиокомпанијата соопшти дека не е во можност да помогне во пререзервирањето летови до друга авиокомпанија, но автоматски ќе им враќа пари на патниците кои купиле билети.
-Патниците кои резервирале летови преку туристичка агенција треба директно да контактираат со туристичката агенција за да побараат враќање на пари“, изјавија од Спирит ерлајнс.
Неколку американски превозници објавија дека ќе ги поддржат засегнатите патници, вклучително и ограничувања на цените за директни рути на кои летаа авионите на Спирит ерлајнс.
Високите трошоци за гориво за авиони ги притиснаа сите американски авиокомпании, предизвикувајќи нивните трошоци да се зголемат. Горивото за авиони е втор најголем трошок за авиокомпаниите, веднаш зад работната сила. Американ ерлајнс соопшти дека секој денар што ги зголемува цените на горивото за авиони ја чини авиокомпанијата 50 милиони долари во текот на една година. Јунајтед минатиот месец изјави дека ако цените на горивото за авиони продолжат на сегашното ниво, авиокомпанијата би можела да претрпи дополнителни трошоци од 11 милијарди долари – двојно повеќе од нејзината најголема годишна добивка досега.