Со стратешки проект ќе се обновува болницата во Тетово, најави Алиу

Проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин, изјави министерот

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Фејсбук

Министерот за здравство Азир Алиу се пофали дека Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, за што ќе потршоат 74 милиони евра.

Во соопштениетот од Министерството за здравство стои дека болницата ќе се реконструира, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари и дека со проектпот кој трајно ќе се промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион.

-Проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин, изјави Алиу.

Како што соопшти Министерството за здравство со проектот е предвидена целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа медицинска технологија и опрема, и функционално поврзување на болничките објекти со топли коридори, за побезбедно и поефикасно движење на пациентите и здравствениот персонал. Ќе се изградат и две нови современи згради.

-Од раздвоени и амортизирани објекти одиме кон интегриран, функционален систем подготвен за иднината. Од систем што доцни, кон систем што реагира навреме, изјави Алиу.

Од Министерството за здравство објаснуваат дека со оваа инвестиција ќе создаде нова регионална здравствена установа во која граѓаните од Полошкиот регион ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга навремено и поблиску до местото на живеење.

Според министерот во соработка со Универзитетот во Тетово, професорите и студентите по медицина  ќе добијат модерни и достоинствени услови за работа, практична обука и подготовка според стандардите на современото здравство.

-Овие проекти се витални за здравствениот систем и ние што ги реализираме, со право ќе се гордееме со нив цел живот. Затоа што не градиме само ѕидови. Градиме стандарди. Градиме достоинство. Градиме иднина за здравството во нашата земја, изјави Алиу.

Слични содржини