Опозицијата утрово го обвини премиерот Христијан Мицкоски тајно се подготвува да ги внесе бугарите во Уставот, а од владејчката ВМРО-ДПМНЕ вратија дека претседателот на СДСМ Венко Филипче е лицемер и целосно изгубен.
Од СДСМ велат дека историската комисија меѓу Македонија и Бугарија цело време работи, а граѓаните не го знаат тоа. Според опозицијата на тој начин Мицкоски се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот.
-Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во телевизиска емисија изјави дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби. Како се состанува, цело време веќе две години, а тоа се крие од јавноста?Што прават ако не договараат внесување на Бугарите во Уставот?, праша утрово СДСМ.
Од СДСМ ја коментираа и изјавата на премиерот дека до јуни ќе ги реши сите реформск прашања.
-Основното и клучно прашање кое Европа го бара од Македонија е внесување на малцинствата во Уставот, односно Бугарите. Европа е јасна: без тоа – нема напредок. Ова го повтори и Томас Вајц во своето последно интервју. Ако Мицкоски сега вели дека ќе ги реши сите реформски прашања во јуни, тогаш е сосема јасно, ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Доказ за тоа е и фактот дека Историската комисија повторно се состанува, а никој од граѓаните за тоа не знае. Кога комисијата работи, значи дека Мицкоски тивко се подготвува за она што јавно го негираше, соопшти СДСМ.
Опозицијата потсети дека премиерот сите оние кои барале уствни измени ги нарекувал бигарофили и предавници, и праша дали и тој е предавник ако се подготвува тоа да го направи.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак одговорија преку соопштение дека СДСМ на чело со Венко Филипче е целосно изгубен и во политичка магла, без концепт и без јасна стратегија.
-Лицемерието на Венко нема крај. Секој ден на прес-конференции растура пердуви, а кога има можност за прашања и соочување тогаш бега. Филипче повторно избега од пратенички прашања и од Франкфурт праќа поздрави за работниците на Меѓународниот ден на трудот. Европската реторика на СДС и Филипче е без план и без правец. СДС и Филипче декларативно се проевропски, но реално се без правец и стратегија обидувајќи се да ја скријат паниката и нервозата поради колапсот на сопствениот рејтинг, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија обвинија дека опозицијата се крие зад празната флоскула дека се проевропски ориентирани бидејќи зад тоа се крие политики опортунизам и предавства.
-Филипче отворено најавува подготвеност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата. Тоа е конзистентност на истата политика на отстапки како Зоран Заев и останатите кои поради нивната сервилност, ја ставија Македонија во ситуација да се соочува со блокада на патот кон ЕУ. СДС на чело со Филипче подготвени се да распродадат, сè што е македонско: идентитет, јазик, историја и културата , само за да дојдат на власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.