Автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштен во употреба во 2027 година, најави премиерот

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен и пушен во употреба во првиот квартал на 2027 година. Ова денес во Охрид го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека многу е важно дасе заврши оваа сообраќајница.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фотографија: ЈП за државни патишта, 13 јули 2025

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен и пушен во употреба во првиот квартал на 2027 година. Ова денес во Охрид го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека многу е важно дасе заврши оваа сообраќајница.

-Автопатот Охрид Кичево кој очекуваме целосно да биде пуштен првиот квартал од 2027 година Знаете со какви предизвици се соочувавме беше откажан кредитот од кинеската Ексим банка, со домашните комерцијални банки направивме синдикат и проектот ќе биде целосно реализиран до крај, изјави Мицкоски.

Тој најави дека планираат да го завршат и проектот за Плаошник, и дека годинава во буџетот се одвоени скромни средства за довршување на проектната документација.

-За жал не бил во приоритетите на многу влади претходно. Оваа година имајќи ги предвид можностите на буџетот одвоивме скромна сума, но важно е да се доподготви проектната документација и многу посилно да се излезе на терен и мислам дека со проектите кои сега се реализираат ќе дојдеме до една физиономија која ја заслужува Охрид и охридското крајбрежје, изјави Мицкоски.