Мицкоски: Немам проблем ограничувањето за двојно државјанство да важи за Владата и министрите

Ако правните експерти сметаат дека нема никаков проблем, апсолутно поддржувам. Јас немам никаов проблем, ниту имам намера да имам друго државјанство имам само македонско. Да нека се прошири ако тоа дозволува уставот и законот, немам ништо против, изјави Мицкоски

од Vladimir Zorba
28 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски нема ништо против идејата да немаат двојно државјанство и претседателот на државата и за Владата и министрите.

Ова тој го изјави во одговор на новинарско прашање, како ќе ја коментира изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова која минатата недела дека ја поддржува идејата пратениците да немаат двојно државјанство, но да важи и за претседателот на државата.

Според неа тоа не значи укинување на правото за двојно државјанство, но ограничување за одредени функции од висок државен интерес.

-Ако правните експерти сметаат дека нема никаков проблем, апсолутно поддржувам. Јас немам никаов проблем, ниту имам намера да имам друго државјанство имам само македонско. Да нека се прошири ако тоа дозволува уставот и законот, немам ништо против, изјави Мицкоски.

Пратениците од СДСМ минатата недела во Собранието поднесоа предлог закон за измени и дополнување на Законот за Влада по сратена постапка, со кој се предлага и членовите на Владата да имаат само државјанство на Република Северна Макдонија.

Според образложението на предлогот стои дека се утврдуваат услови за именување на членови на Владата, за да се зајакнат критериумите за нивна стручност интегритет и само државјанство на Република Северна Македонија.

Овој предлог доаѓа по предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се ограничи правото на пратениците да имаат двојни државјанства, а законските измени се веќе поднесени во Собранието. На овој предлог на владејчката партија опозициската СДСМ уште веднаш изјлезе со предлог истото да важаи и за сите именувани функционери.

E.Б.