На „Богородица“ 3.000 македонски и 11.000 државјани од други земји заминале кон Грција

Околу 3.000 македонски и 11.000 граѓани од други земји од вчера до утрово до десет часот ја минале македонско-грчката граница на граничниот премин „Богородица“. Според информаците од Министерството за внатрешни работи толку лица оствариле излез од Макдонија кон Грција во последното деноноќие.

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Околу 3.000 македонски и 11.000 граѓани од други земји од вчера до утрово до десет часот ја минале македонско-грчката граница на граничниот премин „Богородица“. Според информаците од Министерството за внатрешни работи толку лица оствариле излез од Макдонија кон Грција во последното деноноќие.

Според МВР дд македонска страна не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата, а тоа го покажуваат и камерите на веб-страната на Јавното претпријатие за државни патишта.

Поради продолжениот викенд вчера и денес се очекуваше поголем притисок врз граничните премиени кон Грција, а од  Министерството велат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

Подолг застој на границите се забележува и во останатите викенди, поради примената на ЕЕС регулативата која стартуваше на 10 април.

Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот брифинг, на новинарско прашање од МИА, дали ќе се одложи имплементацијата на системот и кај балканските туристи, соопшти дека регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со законските правила.