Израел ги ослободи активистите кои носеле помош во Газа

Двајца од активистите се однесени во Израел на испрашување, а останатите се ослободени во Грција, откако беа пресретнати во четвртокот кај Крит

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Израелците ги  ослободија сите пропалестински активисти, освен двајца, кои беа пресретнати во меѓународни води кога е упатиле кон Газа. Тие денес се ослободени во Грција. Како што објави Би-би-си, во четвртокот околу 175 активисти на 22 брода што носеа помош беа запрени, а помошта запленета во близина на островот Крит.

Организаторите на Глобалната флотила Сумуд (GSF) ја осудија акцијата како пиратство, велејќи дека помошта била незаконски запленета на повеќе од 965 км (600 милји) од Газа, која е под израелска поморска блокада. Министерството за надворешни работи на Израел ја нарече флотилата „ПР трик“.

Сите приведени активисти се истоварија на Крит, освен двајца мажи кои се однесени во Израел на испрашување, изјавија од владата на Израел.

Министерството за надворешни работи на Израел соопшти дека едниот од мажите, Саиф Абу Кешек, е осомничен за поврзаност со терористичка организација, а другиот, Тијаго Авила, е осомничен за нелегална активност. Двајцата мажи остануваат во израелски притвор.

Глобалната флотила Сумуд (GSF) повика на итно ослободување на Абу Кешек и Авила. Групата изјави: Бараме сите влади да сторат сè што можат за да извршат притисок врз израелскиот режим да ги ослободи сите нелегално киднапирани лица.

Израел соопшти дека околу 175 лица се приведени, додека GSF претходно изјави дека „над 180 цивили од целиот свет биле директно нападнати“.

Грчките власти се подготвуваа да примат луѓе од флотилата уште од раните утрински часови во петокот. Групата – мажи и жени од различни националности, вклучувајќи некои Грци и Австралијанци – се транспортира со воен брод до јужниот брег на Крит, каде што се очекува да пристигнат во Атеринолакос. Автобуси чекаат да ги однесат понатаму.

Во четврток, грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека понудило дипломатска помош, со тоа што се согласило да ги смести патниците и да обезбеди нивно безбедно враќање дома.

Соединетите Американски Држави ја поддржаа одлуката на Израел да ги пресретне бродовите, а портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, ја нарече флотилата за помош бесмислена политичка трик.

Флотилата исплови пред две недели, со вкупно 58 бродови од Шпанија, Франција и Италија, со цел да се пробие израелската блокада на Газа. Останатите 36 бродови беа близу до јужниот брег на Крит во петок.