Никола Јокиќ прилично емотивно ја примил веста за смртта на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.
Покрај 26-от роденден и извонредниот натпревар, српскиот центар по мечот изјави дека емоциите се помешани.
По натпреварот зборуваше за Балашевиќ и го означи како „виновникот“ кој придонел да ја „измами“ неговата девојка да му стане сопруга.
– Јас сум голем обожавател на ликот и делото на Ѓорѓе Балашевиќ, моите емоции беа измешани. Не стигнав да го запознаам, да му се заблагодарам за тоа што ми помогна да ја „измамам“ мојата сегашна жена за да ми биде девојка, а сега и сопругата. Жал ми е за тоа и мислам дека ова е голема загуба за сите нас кои го сакавме“, рече Јокиќ во разговорот со Александар Жигиќ.
На дуелот против Кливленд, српскиот кошаркар постигна 16 поени, 12 скока и 10 асистенции, но Џамал Мареј го засени сето тоа со 50 поени.