И Ѓоковиќ се прости од Балашевиќ: Среќно патување кон ѕвездите

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Смртта на Ѓорѓе Балашевиќ беше преголем шок за сите. Легендарниот пејач и композитор почина вчера попладне на 67-годишна возраст, оставајќи зад себе бројни фантастични песни.

Се огласија бројни познати личности, а сега се огласи и најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Тој на својот Инстаграм профил објави слика од починатиот Балашевиќ со цитат.

– Не вреди да се грижиме, деца … Сè е тоа запишано таму некаде горе во sвездите – стои на фотографијата која Ѓоковиќ ја објави на социјалната мрежа.

По тоа, Ѓоковиќ во краток коментар со своите зборови се заблагодари за сè што направил Балашевиќ во текот на неговиот живот.

– Среќно патување кон ѕвездите. Ти благодарам за стиховите кои оставаат голем белег во вечноста – напиша српскиот тенисер.

Слични содржини