Македонија со шанса за пласман на ЕП по победата над Италија

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Македонија ја совлада Италија со 87:78 во Квалификациите за Европското кошаркарско првенство и со тоа доби последна шанса за пласман на континенталното натпреварување.

Со голем пресврт во второто полувреме, откако „жолто-црвените“ анулираа -16, за прв пат во квалификациите запишавме триумф во групата „Б“ над далеку пославниот противник од Апенините.

Утре попладне од 15 часот во директен дуел со Естонија ќе се бориме за нов настап на едно Европско првенство, под услов, Русија да ја совлада Естонија во натпреварот кој следува во Арената „Молот“ во Перм.

Сепак во таборот владее загриженост поради повредата на одличниот Ненад Димитриејвиќ, кој мораше да седне на клупата порано од планираното.