Заев: Барам детали и најавувам одговорност за секој пропуст за бегството на Мијалков

286 прегледи

По денешното сведочење во рамки на рочиштето за случајот „Титаник“,  претседателот на Владата, Зоран Заев се осврна на бегството на Сашо Мијалков, за кого од вчера е распишана потерница.

„Да се лоцира и најде и да си ја служи казната доколку биде осуден. Барам и очекувам одговорност и сакам одговори и детали за се што се случило. Според законот, полицијата набљудува на јавен простор, но без судско решение не може некому да му ги попречува слободите и правата. Ако има одговорност кај било која од надлежните институции БЈБ, МВР, Судот и сите останати, ќе сакам целосен отчет за тоа што се случило и како се случило, и зошто воопшто дошло до пропуст“, истакна Заев.

За потсетување, Мијалков вчера требаше да добие судско решение за куќен притвор, до чекање на правосилната пресуда во случајот „Таргет-тврдина“.

Слични содржини