307
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека верува дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година.
Тој за данската телевизија ДР изјави дека ковид-19 ќе биде присутен и оваа година, но дека ќе биде полесно да се контролира отколку во 2020 година.
Според него, најлошите сценарија се зад нас, а има и повеќе податоци за самиот вирус во споредба со состојбата минатата година, пренесува „Анадолија“.
Клуге, сепак, предупреди дека никој не може да ја знае иднината на ковид-19.
– Вирусот и понатаму ќе постои, но не мислам дека ќе бидат потребни ограничувања – оцени Клуге.