Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма изјави дека одговорност за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков треба да се бара кај Обвинителството.
– Одговорноста денеска се префрла, како и многу пати досега, од еден на друг. Но, доколку внимателно ги прочитате соопштенијата, а учествувате во кривичните предмети долги години, очигледно дека ќе лоцирате одговорност кај обвинителството.Ако Обвинителството давало завршни зборови во петокот, а мерки за обезбедување на еден од обвинетите бара дури во недела, јасно е дека промашиле. Постапиле ненавремено и не успеале го обезбедат, вели Давидовиќ.
Тој вели дека е јасно оти Министерството за внатрешни работи (МВР) не може да постапи ако нема судско решение.
– Не може да разговараме за правна држава. Имаме закон за Кривична постапка и полицијата нема право да ограничи ничии права, ниту слободата на движење ако нема судско решение, вели Давидовиќ.