Маските ќе мора да ги носиме и следната зима?

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Постои можност носењето заштитни маски следната зима да биде потребно во одредени услови, со цел да се продолжи одбраната од инфекцијата со коронавирус, изјави главниот научен советник на Владата на Велика Британија, Патрик Валанс.

„Можеби ќе биде потребно следната зима да има мерки како што е носење маска во одредени ситуации“, изјави Валанс пред новинарите во Лондон.

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, д-р Ентони Фаучи, вчера изјави дека постои можност Американците да мора да носат маски и во 2022 година, но дека мерките воведени поради ковид 19 ќе бидат поблаги заради напредокот во кампањата за вакцинација.

Слични содржини