По соопштението на ВМРО ДПМНЕ утринава, каде се бара одговорност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за бегството на обвинетиот Сашо Мијалков, владејачката СДСМ упати контра соопштение, во кое вели дека одговорноста треба да ја бараат во белата палата, од каде и дозволиле сите да избегаат.
„Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.
Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.
ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.
Граѓаните ова многу добро го знаат.
Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден“, се вели во соопштението на СДСМ.