Министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар денес на граничниот премин „Табановце“, ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер, информира македонското Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека настанот ќе се одржи во 13:30 часот, а делегацијата ќе ја пречека министерот Венко Филипче.
Првиот контингент од 4680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.
Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот. Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани, а преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12 652 лица.