331
Новиот вид на коронавирус, кој за првпат беше откриен во Велика Британија, се појави во уште седум земји, a сега е регистриран во вкупно 101 држава.
Видот на вирусот, кој првпат беше откриен во Јужна Африка, се прошири во 41 држава низ светот, а т.н. Бразилски вид е активен во 29 држави во светот, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ТАСС.
Според СЗО, т.н. британскиот вид се појавил во септември минатата година, јужноафриканскиот вид циркулира од август 2020 година, а бразилскиот вид на коронавирус е активен во Бразил и Јапонија од декември минатата година.