Регистарот со предлог имињата на улици ќе биде доставен до Владата, соопшти Шилегов

од Nikola Popovski
259 прегледи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска, на настан за стручното образование, одговарајќи на новинарски прашања рече дека процесот за нови имиња на улиците односно за враќање на старите е почнат уште пред една и пол година, а на вчерашната седница на Советот е донесена одлука со која е проширен Регистарот.

Тој во изјава најави дека проширениот регистар со предлог имиња денеска ќе биде доставен до Владата на одобрување, за која се надева дека истата денеска ќе биде одобрена.

Неодамна тој изјави дека во процесот биле земени предвид и размислувањата на граѓаните, за разлика од порано кога насилно биле преименувани улици и кршена волјата на скопјани.

На промената на имињата се противат советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични содржини