318
Во понеделник претставниците на индустријата за организација на свадби и други семејни прослави ќе одржат средба со вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.
-В понеделник во 16: 15 часот ќе имаме средба во Влада со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски и ќе се договориме за деталите. Ние бараме целосно да се тргне членот 14 од Уредбата која беше донесена на 23 јуни 2020 година со која се забранува организирање свадби, крштевки и родендени, изјави за Локално, Перица Голомејиќ, од Иницијативен одбор за организирање на протестите.
Тој соопшти дека засега протестите ќе бидат ставени во мирување.