Заев: Мијалков беше принуден како печурка после дожд да се појави во јавноста

од Берта Китинска
269 прегледи

Премиерот Зоран Заев рече дека најверојатно Сашо Мијалков бил во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, каде, како што кажа „сè уште чуваат место за него и за Груевски“, одговарајќи на пратеничко прашање од Александар Николоски од ВМРО- ДПМНЕ.

-Дали Сашо Мијалков бил во Скопје или не се потврди дека бил овде.Сите докази покажуваат дека неделата излегува од „Мериот“, половина час е околу хотелот со женско лице и уште тројца, попладне оди кон „Тодор Александров“- 69, каде што му е едно од живеалиштата. До доставување на налогот бега од својот дом, веројатно во соседни објекти, соседно маало, но е тука. И тоа е јасно. И сега тврдењето дека за два дена има договор дека власта го пушти, дека Заев се договорил, дека организирано е бегството од владејачката коалиција, испадна дека не е така. Еве го Мијалков е во домашен притвор, после 40 часа и каде е одговорноста на опозицијата за овие тврдења? Ви беше страв да му го кажете името и презимето на Мијалков, додека не почнаа да пукаат бомбите. Ви беа милички функциите, рече Заев.

На прашањето каде се криел  Мијалков, Заев низ сатира изјави дека можеби бил во белата палата.

-Каде беше Мијалков, тоа треба вие да ми кажете. Една од опциите е дека можеби бил во белата палата. Зошто да не, слушам дека до ден денес за него се чуваат простории, и за Груевски. Тоа што власта го направи го принуди да се пријави, рече Заев кој додаде дека сепак тоа е сатира.

Тој во своето излагање напомена дека Мијалков од сите притисоци бил принуден да се излезе во јавноста како печурка после дожд.

 

Слични содржини