Ахмети: ДУИ е обединета, воопшто не се зборуваше за оставка на Груби

од Nikola Popovski
222 прегледи

По седницата на Централното претседателство на ДУИ, претседателот Али Ахмети, рече дека воопшто не станало збор за оставки, одговорајќи на новинарско прашање дали се барала оставка од првиот вицепремиер Артан Груби.

„Воопшто не се зборуваше за оставка. Се зборуваше за принцип, за стратегија, за програма за задачите што нè очекуваат како Влада, но нормално дека тие треба да одговараат и никогаш не сум побарал поинаков глас на мислење. Секој пат бев следбеник и охрабрував работи за кои треба отворено да се зборува забелешките треба да бидат отворени така што ќе им се даде можност на сите да ја разјасни и објасни неговата работа што ја работи “, изјавил Ахмети.

Ахмети испрати пораки дека партијата е обединета и оти се разјаснети сите работи.

„Целта на ова беше јавноста директно да види дека ДУИ е и ќе биде обединета и подобро организирана. Разговарано е за сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имало разни информации поради немање средби и објаснувања, сега сите работи се разјаснети и ги уверувам сите гласачи на ДУИ и Албанци, и тие што не гласале за ДУИ, дека партијата е добро организирана сила и сноси одговорност 20 години по ред во оваа држава за многу важни процеси. Објаснети се сите разлики, не остана ништо без да се објасни до последен атом затоа што пред нас има важни обврски, доаѓаат локалните избори и пописот и сакаме да бидеме дел од придонесот“, истакнал лидерот на ДУИ.

Слични содржини