348
Денес околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.
Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимс и на длабочина од 10 километри.
Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.