Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди Закинтос

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Закинтос, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје, на 20 километри западно од Волими, на длабочина од пет километри, пренесува „Прототема“.

Нема извештаи за евентуална штета.

Слични содржини