Иако годинашното доделување на наградите се одвиваше виртуелно, на Златните глобуси не им недостигаа и непредвидени ситуации оваа година. Една од нив, за која најмногу се зборува, е технички проблем при доделувањето на наградата за најдобар актер во споредна улога.
Имено, Британецот Даниел Калуја ја доби оваа награда за улогата на Фред Хамптон, активист на Црните пантери во филмот „Јуда и црниот месија“. Сепак, за време на победничкиот говор имаше технички потешкотии и Даниел беше „замолчен“.
„Се извинуваме за техничките потешкотии и му честитаме на Даниел за наградата“, рече водителката Лора Дерн, а потоа ја напушти сцената. Сепак, Даниел наскоро се врати и рече:
„Ме зезнавте, ме зезнавте!
По шегата, Калуја одржа говор во кој му се заблагодари на своето семејство.