📽️Се сврте кон камерата и им се обрати на гледачите: Хит реакцијата на Џенифер Лоренс по губењето на наградата

од Nikola Popovski

На Златните глобуси, Џенифер Лоренс беше номинирана за најдобра актерка во мјузикл или комедија за нејзината улога во „No Hard Feelings“, мегапопуларен филм на Нетфликс.

Кога дојде време да се објави победникот во категоријата во која беше номинирана, Џенифер ги насмеа гледачите со реченица што ја кажа директно во камерата.

„Ако не победам, си заминувам“, се пошегувала актерката.

На крајот победи нејзината пријателка Ема Стоун, а прекрасната Лоренс не го напуштила шоуто, туку продолжила да се забавува најдобро што знае.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи и ги насмеа нејзините фанови.

Слични содржини