После речиси еден месец продолжува работата на Собранието

од Nikola Popovski
238 прегледи

Од Собранието денес информираа дека утре ќе бидат свикани продолженијата на 21, 22, 25 и 26 пленарна седница, што ќе биде прва активност после речиси еден месец. На седниците се поднесени неколку закони од владејачкото мнозинство, но и од опозицијата.

На 16-ти февруари, обидот за одржување седница покажа дека парламентарното мнозинство е некомплетно поради неколку пратеници од ДУИ, меѓу кои, координаторот Изет Меџити.

Неприсуството на мнозинството од 62-ца го призна и Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите минатата недела.

Последен пат пленарна седница имаше на 3 февруари.