Заев: Нашата земја има превземено се за да добиеме час поскоро вакцини

од Берта Китинска
243 прегледи

Нашата земја има превземено се за да добиеме час поскоро вакцини, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој  рече дека државата е на чекорот до црвената линија во набавката на вакцини во однос на тоа што има склучено договори со повеќе производители и се  нарачани повеќе дози можеби и повеќе од потребниот број

-Така беше последната нарачка за 100-те илјади Спутникови вакцини. Но, секако имаме дуплирани нарачки од Кина. 200 по 200 илјади вакцини. 800 илјади преку КОВАКС механизамот. 833 илјади директно со Фајзер што се склучени. Договорите кои што ги имаме со Европската унија поради Западен Балкан. Кога ги правите пресметките преминуваме 2 милиони вакцини, рече Заев.

Според него, државата направила сѐ што треба да направиме.

-Дефинитивно, недоволниот капацитет на Фајзеровите, но и на сите други вакцини во светот се причината за доцнењето, рече Заев.