Заев: Дојдено е време да ги демонтираме режимските остатоци

од Берта Китинска
494 прегледи

Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако соопшти дека владата го има усвоено планот за борба за корупција два месеци по објавата на „Акција 21“.

-По одржаната онлајн седница усвоен е планот за борба за корупција два месеци по објавата на планот „Акција 21“ . Затоа воспоставиме јасни механизми  и граѓаните и медиумите да зборат јасно и гласно за да се воспостави  ред, правда и дисциплина. Сериозно ги примивме забелешки на Тарнспаренси Интернешнл и ги вградивме во овој план. Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата. Планот има за цел за спречува корупција во актуелната власт, но и да ги открива инсталациите на предходен режим. Тие ја одгледува и всадија корупцијата насекаде за да им биде простено за нивните злодела, епа нема да им биде простено зошто тоа го имаат направено смислено. За ваквите злодела тогашна власт денес опозиција се водат судски постапки, вели Заев.