СДСМ: Со петтиот пакет мерки помагаме на занаетчиите и самостојните вршители на дејност

од Берта Китинска
224 прегледи

Во тек е реализација на петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра насочен кон спасување на работни места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството, велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека со мерките од овој пакет им се помага на самостојните вршители на дејност на регистрираните занаетчии.

-На регистрираните занаетчии им се овозможува решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.

Преку мерката 6 од овој пакет обезбедуваме финансиска поткрепа за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година.

Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а таргет група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021.

СДСМ, како одговорна партија покажува континуирана грижа и обезбедува помош и поддршка за работниците, граѓаните и стопанството.

Продолжуваме со нови мерки и политики што носат дополнителни можности за рестарт на македонската економија и шанса за сите, соопштија од СДСМ.

Слични содржини